Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре силен тест за црвено-црните, противник ни е чешкиот Слован Либерец
Утре силен тест за црвено-црните, противник ни е чешкиот Слован Либерец

Утре силен тест за црвено-црните, противник ни е чешкиот Слован Либерец

Утре во Анталија вардарци ги чека навистина силен тест-дуел со чешкиот прволигаш Слован Либерец, ова е трет пријателски меч на црвено-црните во Турција. Нашиот противник е трикратен шампион на Чешка и двапати се закити со куп одличјето во Чешкиот фудбал. Моментално Слован Либерец е четвртопласиран во домашната лига со исти број бодови како и Млада.Б на третото место.

Последните неколку денови избраниците на стручниот штаб предводен од Седловски одработиа по два тренинзи дневно на теренот каде ќе се одиграат следните три тест-дуела во Анталија. Тие  се одработуваа на еден од помошните терени во фудбалскиот центар „ИЦ Сенати“ место каде се закажани преостанатите три дуела колку што имаат закажано до крајот на подготовките црвено-црните во турскиот центар за зимски подготовки Анталија. Мечот со трикратниот чешки шампион е закажан со почеток во 14-00 часот по македонско време. Од истиот како и во првите два меча, а и во следните два меча ќе има директен пренос преку видео стрим на официјалниот јутуб канал на нашиот вардаров фудбалски колектив.