Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Тв преноси од двата меча на Вардар со Борац и Нексе
СЕХА: Тв преноси од двата меча на Вардар со Борац и Нексе

СЕХА: Тв преноси од двата меча на Вардар со Борац и Нексе

 После завршувањето на репрезентативните обврски за избраниците на Раул Гонзалес продолжуваат клупските предизвици во СЕХА регионалната лига. Нашиот шампион ќе одигра два меча за два дена во регионалното натпреварување на гостински терен. Денес гостуваме во Бања Лука кај тимот на РК Борац, а во сабота гостуваме во Хрватска кај вториот тим по квалитет во оваа земја Нексе овој дуел ќе се игра во Нашице.

Од двата меча фановите и навивачите на македонскиот ракометен  шампион ќе може да проследат директен телевизиски пренос на Македонската радио и телевизија. Државната телевизија преносите ќе ги врши на својот собраниски канал од двата гостински дуела на Вардар. Преносот со Борац е закажан за во петок во 20-00  часот, а со Нексе во сабота со почеток во 19-00 часот. Во овие две соочувања тимот нема да може да смета на услугите на македонските ракометни репрезентативци Стоилов и Манасков, откако како што е познато клубот реши да ги суспендира поради инцидентот во кој беа вмешани во вторникот рано наутро. По одигрување на овие два дуела црвено-црните се враќаат во Скопје каде ќе тренираат и ќе се подготвуваат за патувањето во Германија, каде ќе го одиграме првиот меч годинава за нас во  Лигата на шампиони против Рајн-Некар.