Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Ф-4 турнирот во оваа сезона ќе се игра во Вараждин-Хрватска !
СЕХА: Ф-4 турнирот во  оваа сезона ќе се игра во Вараждин-Хрватска !

СЕХА: Ф-4 турнирот во оваа сезона ќе се игра во Вараждин-Хрватска !

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-регионалната лига  по втор пат во историјата на ова натпреварување ќе се одигра во Хрватска, за град домаќин е одбран Вараждин. Како сериозен кандидат беше спомнуван и друг град од Хрватска Пореч, но тој не доби доверба за организирање на овој настан и во двата града ќе се играат мечеви од Европското првенство во Хрватска во 2018 година. Вараждин е близу до унгарската граница, тој е   на само 200 километри до Веспрем и е одлична можност за присуство на навивачи од Унгарија.

СЕХА фајналфорот ќе  се одржи негде на крајот од месец  март, за време на паузата во Л.Ш помеѓу 1/8-финалето и 1/4-финалето . Раководството на регионалната лига се одличи на завршниот турнир учество да земат најдобрите четири екипи по разигрувањето , а не со шест, како што се одигра лани финалниот турниор во Веспрем. Вардар има две СЕХА круни,   а по еднаш шампиони беа и Загреб  и Веспрем.