Според Македонски Спорт, играчот на Цска Софија Тони Силва би можел уште утре да пристигне во редовите на Македонскиот шампион.
Силва има 21 година, и игра по страничните позиции. Силва иако е роден во Гвинеа – Бисау, решил да настапува за португалската репрезентација. Силва има запишано 5 настапи за селекцијата на Португалија до 17 години, и 2 настапи за селекцијата до 18 години.
Интересно е тоа што младиот Тони Силва како тинејџер има настапувано за Бенфика, Челзи и Ливерпул.
Силва од 2013 година е во Цска, каде има запишано 42 натпревари, и постигнато 9 погодоци.