Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сара Митова: Со Русија покажавме дека можеме да се носиме со секој на ова првенство

Сара Митова: Со Русија покажавме дека можеме да се носиме со секој на ова првенство

vardarfans mitovaНашата младинска селекција има забележителен настап на Европското Првенство во Валенсија каде оствари една победа , едно реми и еден пораз . Младата Сара Митова беше една од подобрите во црвено-жолтиот табор , таа беше во топ-5 стрелци во нашата репрезенација на првенството .

-Задоволна сум од прикажаното на натпреварите во нашата група, како од целата екипа, така и од својот придонес. Со Русија, кој е еден од главните фаворити, покажавме дека можеме да се носиме со секој на ова првенство. Цврстата игра и нашиот карактер се една од главните одлики на ова репрезентација. Се спремаме секој ден за понатамошните предизвици, и се надеваме на добра игра и резултат.

Македонската репрезентација од утре ќе разигрува за пласман од 9-16 место, на европското првенство во Валенсија.

-Секој нареден натпревар за нашата екипа, претставува нов предизвик и мислам дека сме доволно подготвени да одговориме на поставените задачи од нашиот тренер, изјави репрезентативката и член на Жрк Вардар, Сара Митова за нашиот сајт.

Звонко Ивановски