ФК Вардар дефинитивно во новата сезона ќе влезе драстично ослабен. Еден од најдобрите дефанзивци во нашата лига, Коста Манев, иако беше пред потпис на нов договор со Вардар, сепак, играчот од одбраната во новата сезона нема да ги брани боите на „црвено – црните”.
По шок информацијата дека Манев нема да биде дел од Вардар во иднина, „Вардар Фанс” побара одговор од менаџерот на играчот, Насер Синани, кој ни потврди дека дефинитивно е прекината соработката и играчот ќе има нов клуб во новата сезона.
„Манев во никој случај не може да биде виновник. Играше со срце за Вардар. Не знам што мисли Вардар во овој момент, како ќе игра без Манев во одбраната, ќе биде многу тешко без него. Значи уште еднаш велам, вината не е кај Манев, играчот одби супер понуда за да остане во Вардар, но..” , изјави Насер Синани за „Вардар Фанс”.
„Вардар Фанс” ќе се обиде да ја исконтактира и другата страна, односно управата на ФК Вардар.