Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Синани: Условите се договорени, има обострана желба, па така треба само уште да се потпише договор
Синани: Условите се договорени, има обострана желба, па така треба само уште да се потпише договор

Синани: Условите се договорени, има обострана желба, па така треба само уште да се потпише договор

По пишувањето на „Вардар Фанс“ дека ФК Вардар го договорил првото летно засилување Коста Манев, се огласи и неговиот агент кој во разговор за нашиот сајт вели дека работата е готова и потврди дека Манев ова лето ќе го засили тимот на Вардар за квалификациите во Лигата на Европа и за новите настапи идната сезона во ПМФЛ.

„Да, точна е информацијата дека Коста Манев доаѓа во ФК Вардар. Мојот клиент во Вардар требаше да дојде уште кога беше тренер Јаневски, но работата се изјалови. Сега веќе условите се договорени, има обострана желба, па така треба само уште да се потпише договор” , изјави за „Вардар Фанс“ – Насер Синани.

Димитар Гогов