Денес кадетките на Вардар, избраничките на Драгана Пецевска-Ристова го започнаа учеството на Традиционалниот петти интернационален ракометерн турнир за девојки помлади од 18 години во Никшиќ-Црна Гора. Во првиот дуел од групата се сретнаа со тимот од Хрватска, РК Сесвете Агропротехника, нашите девојки во еден рамноправен меч беа поразени со резултат 22-19 (11-10).
Првиот дел почна со рамноправна реализација на двете екипи од самиот почеток. Постојано резултатот се движеше околу резултаската симетрија, односно реми. Се играше борбено и постојано бевме близи резултатски, така и заминавме на одмор со гол негатива. Хрватскиот тим замина на пауза со 11-10 во нивна корист.
Вториот дел беше идентичен како и првиот се играше гол за гол. Противникот потоа успеа да се одлепи резултатски па на крајот победи со три гола позитива. Ние бевме поразени со резултат 22-19 на крајот. Кај нас најефикасна беше Ана-Марија Коларовска со 7 гола.
Вардар: Трајкоска, Арсовска, Гроздановска, Дамјановска, Гонзалез, Ѓорѓиевска 1, Донева, Петковска 2, Грујовска, Софтовска 5, Џатевска 1, Костовиќ, Миновска 2, Коларовска 7, Галевска 1 и Јаковчевска .
Тренер: Драгана Ристова.