Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Самсоненко: Секако дека веќе преговараме со нови фудбалери, затоа што резултатите што ги има Вардар и сѐ што се случува во моментов воопшто не е во ред

Самсоненко: Секако дека веќе преговараме со нови фудбалери, затоа што резултатите што ги има Вардар и сѐ што се случува во моментов воопшто не е во ред

Во третиот и последен дел oд интервјуто за gol.mk, сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко говори за идните планови на фудбалскиот тим, новите играчи, стадионот, за Фелипе, „Комити“ и тн.

За ситуацијата со клубот и сезоната без трофеј најчесто се обвинува Дарко Панчев. Заминувања на Фелипе, Муслиу, суспензиите на одредени играчи, честото менување на тим… Зарем навистина Панчев е толку многу крив?

Некоректни се таквите обвинувања на сметка на Дарко Панчев. Заминувањето на Муслиу е грешка на клубот, затоа што имавме аматерски договор со него. Не е грешка на Панчев, сите сме криви во случајов, почнувајќи од мене како сопственик, па сѐ до директори. Играчот не беше чесен кон нас со потегот, но нека му е среќно и нека размисли како ќе живее понатаму. Немаше ништо лошо меѓу нас и Муслиу, тој само ни кажа дека ќе си оди и тоа беше тоа. Ние како клуб им даваме слобода на играчите, тоа е можеби наша голема грешка.

Фелипе исто бараше сам да си замине. Еден ден дојде во канцеларија и кажа – Сакам да останам во Вардар. Не сакам да слушам за заминување, а би размислил само ако дојде понуда од добри клубови и ако Вардар заработи. Ако има добра понуда за Вардар, тогаш може. Потоа, пак дојде кај нас, велеше дека има неисплатени плати и дека сака да си замине. Директорот Симев му приложи банкарски извешај дека сѐ му е исплатено. Следеа нови разговори, сакаше да остане, па потоа пак реши да побара да замине, овој пат по секоја цена. Ние го ослободивме, не сакаме да чуваме незадоволни играчи.

За останатите, Балотели не сакаше никој да го пушти, Спировски сакавме исто да го задржиме. Николов исто. Дарко Велковски исто. Муслиу исто. Ги гледавме како иднината на нашиот клуб. Сите сме виновни за грешките, не треба да посочуваме. Ако бараме виновник, тоа сигурно не е Дарко Панчев. Вината е на целата управа. Не треба да делиме. Додека работиме, некој работи подобро, а некој полошо. Некој има повеќе вина, некој помалку. Но, дефинитивно, целата вина не е на грбот на Дарко. Не знам зошто толку се напаѓа тој.

Веќе се преговара со нови фудбалери?

Секако дека веќе преговараме со нови фудбалери, затоа што резултатите што ги има Вардар и сѐ што се случува во моментов воопшто не е во ред. Екипата како да се распадна по настапите во Лигата на Европа.

Мора да градиме тим, во составот од стартот на сезоната, па досега, немаме девет играчи, што е речиси цел тим – Спировски, Николов, Балотели, Фелипе, Демири, Којашевиќ, Џигаури, Велковски, Итало…

Плус тоа, имаме и многу возрасни играчи. Лично, не ми смета возраста ако играчот функционира добро и ако игра добро за Вардар. Затоа се резултатите и такви какви што се. Со некои веќе преговараме и ќе донесеме одлуки со стручниот штаб.

- Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.