Нема изговори! Денеска игра нашиот миленик, и тоа против ”нај омразениот” клуб, битолски Пелистер. Натпреварот е во рамките на 1/8 финалето во Купот на Македонија. Натпреварот започнува во 17 часот, а како што е добро познато собирот е еден час пред натпреварот на добро познатата локација Фонтатана – парк. Да го обоиме западот во црвено – црно.
Сите сте за Вардар само не признавате. Ајде Комити, да докажеме дека сме број 1 навивачка група во Македонија. Овие натпревари секогаш носеле многу возбуда и адреналин кај навивачите и гледачите, па така нека биде и денеска. Напред Вардар, во срце те носам!