Поради ”факање” за врат на противничкиот фудбалер на Работнички, нашиот играч, мексиканскиот интернационалец Ромеро ќе биде четири меча надвор од терените, така одлучи дисциплинската комисија на ФФМ. Како за потсетување, Ромеро во 80-та минута од натпреварот во неделата, за врат го фати Милован Петровиќ, при што доби директен црвен картон. Ова е втор црвен картон за Ромеро во низа.
Фото: Кочо Сотировски