Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Без право на грешка, прва е Брегалница
Без право на грешка, прва е Брегалница

Без право на грешка, прва е Брегалница

Денеска со почеток во 16 часот на Градскиот стадион во Скопје шампионот на Македонија ФК Вардар ќе го одигра првиот, од петте клучни натпревари кој ќе го решат шампионот на Македонија за оваа натпреварувачка сезона. Прв на ред кој треба да падне е Брегалница од Штип. Вардарци на овој денешен натпревар и на сите останати до крајот на шампионатот немаат право на кикс. Брагалница во последен момент обезбеди учество во плеј-оф лигата со победата во неделата против Работнички.

Вардар оваа сезона одигра три натпревари против овој денешен противник, и трите натпревари нашиот тим ги доби во своја полза. Првиот натпревар кој се одигра во Кочани Вардарци го добија со резултат 0-2, останатите два натпревари се одиграа во Скопје на кој Вардар славеше убедливи победи со 3-1 и 4-0. Овој биланс од победи против штипјани мора да продолжи и денеска, нека биде ова најава за натпреварот со Шкендија в недела кој  исто така го играме на домашен терен.

Да му помогнеме на ФК Вардар, сите на стадион 16 часот.