Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите и младинците на РК Вардар, дел од турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“ во БИХ
Пионерите и младинците на РК Вардар, дел од турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“ во БИХ

Пионерите и младинците на РК Вардар, дел од турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“ во БИХ

Во периодот од 22-24-ти април ќе се одигра третото издание на силниот меѓународен ракометен турнир “Ракометот во срцето, Завидовиќи-Жепче 2016“ во Босна и Херцеговина. Десет клубови и две репрезентации од вкупно пет земји ќе земат учество на овој турнир. Меѓу нив ќе бидат и пионерите и младинците на ракометниот клуб Вардар. Пионерите предводени од Андријана Будимир генер. 2002/03 и младинците на Слободан Чивлачки, родени 1999 година ќе не претставуваат на турнирот во Завидовиќи. Во двете категории ќе се натпреваруваат десет екипи, поделени во две групи.

Младинците ќе бидат во групата А, заедно со репрезентациите на Босна, Црна Гора 1, како и со екипите на Никшиќ и Жепче. Пионерите се во групата А, со екипите на Јерузалем, Метковиќ, Борац и Жепче. Во петок ги започнуваме настапите на турнирот. Пионерите стартуваат против екипата на Јерузалем, додека младинците за противник го имаат тимот на Никшиќ.

Да потсетиме дека минатата година на истиов турнир, Вардаровите кадети предводени од Зоран Петковски го освоија првото место, додека пионерите тогаш завршија како шестти.