Кај нас само што почна походот на вардарки за титулата во домашната лига во која сме единствен фаворит, а пак нашиот противник во Ф-4 романски ЦСМ Букурешт вчера веќе ја обезбеди домашната круна. Тие во дуелот со нас ќе влезат како старо-нови шампиони во најквалитетната женска романска конкуренција.
Тие остварија победа во дуелот со тимот на Клуж 33:19 (16:8) тие бодови беа доволни за освојување на романскиот шампионскот. Нашите ривалки до крајот на сезонава имаат уште еден дуел со тимот на Баја Маре овој петок, но истиот е “ревиален“ бидејќи веќе се круниса со златното одличје нашите противнички. Фајнлфор турнирот ќе започне на седми мај, оваа титула е само една позитивна стимулација за Букурешт и нивна додатна сигурност. Бидејќи оваа сезона црвено-црните избранички на Кастратовиќ и Камара во т.н главната рунда на ЕХФ Лигата на шампионите одиграа двата мечеви со нив , во кои ЖРК Вардар беше поуспешен колектив нанесувајќим два пораза на романскиот старо-нов женски ракометен шампион.