ЕХФ ја одреди судиската двојка која ќе го суди мечот Вардар-Веспрем во сабота. Ова е прво соочување во четвртфиналниот двомеч помеѓу нашиот шампион и Веспрем. За делители на правдата европската ракометна федерација ги делегираше Стеван Пишон и Лаурент Реверет од Франција.
За Ехф делегат на саботниот дуел во спортскиот центар “Јане Сандански“ кој е закажан во 16-00 часот е делегиран Томо Водопивац од Словенија, а пак шпанецот Висенте Брето Леон е назначен за “судиски ехф делегат“.