Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шкендија одигра само нерешено со Ренова и остана на табелата зад “лидерот“ Вардар
Шкендија одигра само нерешено со Ренова и остана на табелата зад “лидерот“ Вардар

Шкендија одигра само нерешено со Ренова и остана на табелата зад “лидерот“ Вардар

Денес со натпреварот помеѓу Шкендија и Ренова се комплетираше 15 коло во првата Македонска фудбалска лига. Двете екипи ги поделија бодовите, одигрувајќи без голови 0:0. Иако Шкендија важеше за голем фаворит на овој дуел, на крајот не ја оправда оваа улога и остана на табелата зад нашиот шампион. Ова е веќе втор последователен нерешен резултат за екипата од Тетово, откако во претходното коло на домашен терен ремизираа и со Турново.

Вардарци остануваат на врвот на табелата, овој пат со два бода предност пред најголемиот конкурент за шампионската титула. Двете екипи веќе во четврток го играат првиот 1/4 меч во рамките на националниот куп. Овој дуел, на кој Шкендија е домаќин ќе се одигра на стадионот во Чаир.