Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкендија и Вардар одиграа без голови, во последното коло од регионалната-скопска лига
Шкендија и Вардар одиграа без голови, во последното коло од регионалната-скопска лига

Шкендија и Вардар одиграа без голови, во последното коло од регионалната-скопска лига

Денес во Тетово, генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година го одиграа последното коло во регионалната-скопска лига, против екипата на Шкендија. Овој дерби натпревар заврши без голови 0:0.

Вардар: Ангелов, Љушев, Анчевски, Јаневски, Милошевски, Серафимов, Павлески, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Курти. 

И двете екипи имаа свои шанси, кои не успеаа да ги искористат, додека во последната минута од мечот, не беше досуден чист пенал за тимот на Вардар. Ова беше прв нерешен резултат за оваа вардарова генерација во оваа натпреварувачка сезона, во која успеаа да ја oсвојат двојната круна.

Следува заслужен одмор за оваа генерација на Вардар, која е единствената која успеа да освои двојна круна.