Во пресрет пред финалните натпревари во полскиот шампионат, поранешниот играч на Вардар Алекс Душебаев, во изјава за тамошните медиуми говореше за тоа какви биле дуелите за титулата во Скопје и на каков начин се навивало покрај вообичаените тапани и знамиња.
“Дуелите во Скопје беа посебни и секогаш важни. Навивачите на трибините се подготвуваат на многу начини да навиваат за својот тим. Покрај вообичаените тапани и знамиња, во Скопје често можеше да се видат и запалки, парички.. Натпреварите знаат да бидат прекинати при некој груб фаул кој нема да биде санкциониран бидејќи незадоволството одма се јавува” , рече Душебаев.