Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шкендија го врати ударот и со предност од 1:3 ќе го започне реваншот од полуфиналето во купот на Македонија
Шкендија го врати ударот и со предност од 1:3 ќе го започне реваншот од полуфиналето во купот на Македонија

Шкендија го врати ударот и со предност од 1:3 ќе го започне реваншот од полуфиналето во купот на Македонија

Денес на “Телеком арената“ се одигра првиот првиот натпревар од полуфиналето на купот помеѓу екипите на ФК Вардар и Шкендија. За разлика од неделниот меч кој беше во рамките на ПМФЛ и кој му припадна на Вардар, сега со идентичен резултат заврши и овој натпревар, но во корист на Шкендија од 1:3.

Гостинската екипа ги имаше прите удари кон нашиот гол и тоа во двата наврати се обиде Бесарт Ибраими. Можеби еден од најдобрите играи на последниот натпревар помеѓу овие две екипи, Тигран Барсегјан ја имаше првата прилика кон голот на Шкендија, но неговиот удар завршува само покрај голот. Екипата од Тетово успеа прва да го отвори резултатот и во својот чеврт обид на Бесарт Ибраими да поведе со 0:1. Репрезентативецот на Македонија од слободен удар од некаде 30 метри успеа да го совлада Алексоски и да донесе предност од 01 за својата екипа. Вардар се обиде во продолжение од мечот да донесе израмнување преку Дамир Којашевиќ кој од слободен удар бие над голот на Јовановски. Во последната минута од првото полувреме во нашиот шеснаесетник беше соборен Дини Меџедовиќ, а прекршкото го направи капитенот Бобра Грнчаров. Сигурен реализатор беше Ибраими за негов втор гол и водство на Шкендија од 0:2. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

На стартот од вториот дел беа направени две измени во нашите редови. Во игра влегоа Спировски и Николов, на местото на Блажевски и Велковски. Набрзина во вториот дел Вардар успеа да ја намали негативата и со голот на Хуан Фелипе од белата точка да намали на 1:2. Во продолжение од мечот беше направена и третата измена во екипата  на Вардар, во игра влезе Брдаровски на местото на Горан Попов. Сепак Шкендија успева да постигне гол прв на овој меч за Хасани и да зголеми на 1:3, после асистенција на Меџедовиќ. До крајот на натпреварот без поголеми возбудувања, за одбележување се удари на Фелипе и Спировски кои завршуваат без реализаиција.