По Драгана Цвијиќ, нашиот женски ракометен шампион се засили со Марија Петровиќ која исто така игра на позицијата пикер. Петровиќ доаѓа од екипата на Књаз Милош, а има играно и за тимот на Ниш. Таа беше дел и од последното европско првенство во Шведска, настапувајќи за репрезентацијата на Србија.
По повредата на Андреа Човиќ јасно беше дека нашиот шампион мора да ја потполни оваа позиција, на која моментално игра само Ања Алтхаус. Петровиќ договори соработка со Вардар за наредните 18 месеци и право за настап ќе има во четвртфиналето од лигата на шампиони.