Игор Карачиќ и Лука Циндриќ ќе добијат поддршка на позицијата среден бек кај екипата на РК Вардар. Повремениот српски репрезентативец, Јана Војводиќ треба да дебитира за црвено-црните на натпреварите во домашното првенство и купот. Војводиќ потпиша 2.5 годишен договор со нашиот ракометен шампион.
Во својата играчка кариера има настапувано за екипите на Металург, Сласк Вроцлав и Анхел Хименез од Шпанија. По Даинис Кристопанс, Војводиќ е второто официјално засилување за Вардар.