Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тимот кој победува не се менува
Тимот кој победува не се менува

Тимот кој победува не се менува

Тимот кој победува не се менува, ова е старо фудбалско правило кое треба да го практикува попладнево и тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Седлоски одлично ги распореди играчите на неделниот натпревар, сите одлично се снајдоа на своите позиции. Мало изненадување можеби беше неиграњето на Демири, се очекуваше Попов да ја завземе позицијата централен дефанзивец, но Седлоски одлучи на таа позиција да настапи Новак, кој одлично си ја одработи својата задача во тандем со Грнчаров. Попов пак, фудбалски кажано “не му даде да диши” на Абдурахими, речиси секој дуел го доби помеѓу нив двајца.

Се очекува и попладнево истиот тим да истрча на зелениот терен.