Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Скопје е противник за Вардаровите генерации 2002 и 2003, во претпоследното коло на регионалната лига
ФК Скопје е противник за Вардаровите генерации 2002 и 2003, во претпоследното коло на регионалната лига

ФК Скопје е противник за Вардаровите генерации 2002 и 2003, во претпоследното коло на регионалната лига

Во недела, генерациите на ФК Вардар родени 2002 и 2003 година ќе го одиграат претпоследното коло во рамките на региоаналната-скопска лига. Противник ќе ни биде екипата на Скопје, а мечевите ќе се одиграат на теренот “Гоце Делчев“.

Најпрво со почеток од 10 часот, својот меч ќе го одиграат Вардар и Скопје, кај генерацијата 2003. Од поодамна избраниците на Томче Трајановски ја обезбедија титулата во оваа генерација и последните две кола немаат никакво резултатско значење за црвено-црните. Сепак и на овие натпревари нашите млади надежи ќе сакаат да ги освојат трите бода и да ја завршат сезоната без ниту еден пораз. Во есенскиот дел, мечот одигран на академијата заврши со убедлив триумф на Вардар од 8:0.

Веднаш после нив, од 12 часот натпревар ќе одиграат истиве екипи, но во генерацијата родени 2002 година. Во првиот дел од сезоната на домашен терен, Вардарци го победија Скопје со резултат од 7:0. И на овој дуел во недела сме фаворит, а последните два меча во регионалната лига се подготовка за избраниците на Петар Ѓорѓиевски, за големото финале во купот.