Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Измена во термин! Пионерките на Вардар во 1/2-фин. од Ф-4 играат со Куманово во сабота 10-45 часот
Измена во термин! Пионерките на Вардар во 1/2-фин. од Ф-4 играат со Куманово во сабота 10-45 часот

Измена во термин! Пионерките на Вардар во 1/2-фин. од Ф-4 играат со Куманово во сабота 10-45 часот

Пионерките на црвено-црните  кој ги предводи тренерскот дуо Драгана Пецевска-Ристова и Билјана Пецевска одиграа перфекна сезона во пионерската лига. Тие  се натпреваруваа според ждрепката во Групата-2 каде одиграа 10 натпревари во кој дојдоа до исто толку победи. Девојките играа фантастично одлично подготвени и мотивирани од тренерскиот двоец со максимален број бодови обезбедија место на завршниот Ф-4 турнир каде ќе разигруваат за титулата. Повеќе детали за нивната доминација во нашиот текст- овде!

Тие во сабота, 20 мај на ќе настапат на завршниот турнир се игра  во салата “Автокоманда“ во Скопје. По одлука на Ракометната федерација има измени во термините за одигрување на натпреварите во полуфиналето и во финалето. Па така  нашите црвено-црни девојки играат од 10-45 часот со екипата на ЖРК Куманово што е половина час порано од претходно најавеното. Финалето за пехар во кое очекуваме да настапиме е поместено со почеток во 18 часот и 15 минути.