На барање на екипата на ЖРК Куманово од истоимениот град во согласност со РФМ и другите три екипи учеснички на завршниот Ф-4 турнирот за титулата, направени се промени во термините за полуфиналните и финалните дуели.
Па така наместо како што беше претходно договорено во понеделеник, 1/2-финалињата ќе се одиграат ден претходно во недела. Во плеј-офот за титулата ќе разигруваат првите три екипи од регуларниот дел на сезоната, и учесникот во ЛШ екипата на Вардар. Останатите три екипи кои покрај избраничките на Дибирова се учесници на Ф4 се екипите на: Вардар СЦЈС, Металург и Куманово.
Во полуфиналето во недела (21 мај 2017) во малата сала во СЦ „Јане Сандански” ќе играат:
Вардар – Куманово (15,30 часот)
Вардар СЦЈС – Металург (17,30 часот)
Финалето меѓу победниците од полуфиналните средби се игра во понеделеник од 15-00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански”