Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денеска скопско дерби, дојдете на стадион да навиваме за Вардар!
Денеска скопско дерби, дојдете на стадион да навиваме за Вардар!

Денеска скопско дерби, дојдете на стадион да навиваме за Вардар!

Денеска во Маџари тимот на Вардар ќе има тешка задача, гостува тимот на Шкупи кој во последно време игра во извонредна форма. Доколку Вардарци сакаат да ја задржат комотната предност пред директниот конкурент за пласман во квалификациите за Лигата на Европа, денеска ќе треба да слават победи и да победнат на плус девет пред овој конкурент.

Здравствениот билтен во нашиот тим е добар, сите играчи освен Попов се подготвени да излезат на теренот и да го дадат максимумот за победа.

Дуелот започнува од 14 и 30 часот, дојдете во Маџари да му дадеме поддршка на нашиот тим да слави значајна победа, по нерешените 0:0 кај Беласица во минатото коло.

Последни пет меѓусебни натпревари (ПМФЛ):
10.11.2018 – Шкупи – Вардар 1-0
16.09.2018 – Вардар – Шкупи 2-1
20.05.2018 – Шкупи – Вардар 4-1
15.04.2018 – Вардар – Шкупи 1-1
03.12.2017 – Шкупи – Вардар 2-0