Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Утре во рамки на 18.коло Вардар го пречекува ЖРК Спартак
Утре во рамки на 18.коло Вардар го пречекува ЖРК Спартак

Утре во рамки на 18.коло Вардар го пречекува ЖРК Спартак

Женскиот ракомет клуб Вардар утре го игра 18.коло од Супер лигата.  Во истото сме домаќини на екипа на Спартак од Скопје. Мечот се игра во  СЦ“ Јане Сандански “ (мала сала) со почеток во 18-00 часот. Ракометната правда ќе ја делат Божиновска Сања и Здравковска Адријана од Скопје.

Екипата на Спартак во текот на зимото се засили со неколку ракометарки кои игаа во други тимови во Супер лигата.  На првиот дуел дојдовме до победа во гости. Тргнавме израмнето беше 8-8 до средината на првиот дел, потоа со серија 0-7 успеавме да одиме на одмор со резултат 8-15. Во вториот дел лесно успеавме да ја одржиме предноста и победивме со резултат 21-32.

На таа средба најголеми бројки имаа голманите,  Симона  Грујовска  имаше 7 одбрани (1.пенал) и Илиќ Андреа која настапи во вториот дел исто така дојде до 7 интервенции. Прв стрелец немавме на дуелот  бидејќи одигравме тимски, интересен факт е дека дури пет девојки имаа по четири гола: Ана Марија Божиновска, Трпевска Ивона, Гроздановска Ангела,  Николиќ Милица и Ана Марија Коларовска.