Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Старт на пролетниот дел во младинските лиги, Шкупи е противник на црвено-црните
Старт на пролетниот дел во младинските лиги, Шкупи е противник на црвено-црните

Старт на пролетниот дел во младинските лиги, Шкупи е противник на црвено-црните

Младинските екипи на ФК Вардар ќе го одиграат првото пролетно коло. За претстојниов викенд е предвиден старт на вториот дел од сезоната.

Со оглед дека се одиграа само 7 од вкупно 11 натпревари во првиот дел од сезоната, во следниот период ќе се доиграат тие четири кола, па ќе стартува и вториот дел. Противник за младите надежи на ФК Вардар е екипата на Шкупи.

Сите четири натпревари ќе бидат одиграни во текот на утрешниот ден. Пионерските екипи гостуваат, додека кадетите и младинците се домаќини на теренот на Академијата. Сите дуели ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Помладите пионери на Вардар се лидери во својата генерација со максимални 21 освоени бодови, додека Шкупи е на 7.место со само 10 бодови. Во пионерската супер-лига, Вардар е втор со 15 бодови, додека Шкупи е на 8.место со 8 освоени бодови.

Лидери сме и со кадетите кои ќе се обидат на домашен терен да го продолжат максималниот ефет на освоени бодови, додека Шкупи е на 5.место со 12 бодови. Младинците на Вардар стартуваат од второто место со 17 бодови, додека противникот има 12 бодови.

Со оглед дека имаше и заминување на играчи од Академијата на клубот, пред се кај пионерите, како и преселбата на млади играчи за првиот тим, пред младинската школа е тежок период да се дојде до трофеј на крајот од оваа натпреварувачка сезона.