Досега девојките на Жаклина Стојановска остварија шест победи на шесте дуели од сезоната 2020/2021. Со 12.бода сме лидери на табелата во групата “Исток“ од Првата кошаркарска женска лига. Пред нас викендов е нов предизвик.
Црвено-црните дами гостуваат кај екипата на KK Баскет Кам во Македонска Каменица. Дуелот кој ќе се игра во недела (7.март) во салата „Кирил и Методиј“ со почеток во 17-00 часот. ЖКК Вардар е фаворит на оваа средба и ќе се обиде да дојде до среќната 7.ма победа на исто толку дуели.