Во рамките на 22.коло во ПМФЛ, Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Струга Трим Лум.
Игор Стојчевски повторно ќе му суди на Вардар, откако истиот беше делител на правдата и на дуелот против Ренова, кој црвено-црните го загубија со резултат 3:0. Негови помошници ќе бидат Дејан Неделоски ( Скопје), Филип Ицковски (Скопје), додека за четврт судија е назначена Ивана Пројковска.
Натпреварот ќе се одигра на Национална Арена „Тодор Проески“ Скопје во недела со почеток од 14:00 часот.