Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во сабота на теренот на Академијата ќе гостува екипата на Шкупи, која е противник на вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во регионалната-скопска лига
Во сабота на теренот на Академијата ќе гостува екипата на Шкупи, која е противник на вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во регионалната-скопска лига

Во сабота на теренот на Академијата ќе гостува екипата на Шкупи, која е противник на вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во регионалната-скопска лига

Генерациите родени “2003“ и “2004“ на ФК Вардар во сабота ќе го одиграат 22 коло во рамките на регионалната-скопска лига. На теренот на Академијата ќе гостува екипата на Шкупи.

Овој натпревар е посебно значаен за вардаровата генерацијата “2003“ која е во голема борба а трофејот со екипата на Шкендија, единствениот наш конкурент до крајот на сезоната за првото место. До пред одигрување на ова коло имаме пет бодови предност пред екипата од Тетово. Што се однесува до меѓусебните дуели со екипата на Шкупи, во оваа натпреварувачка сезона одигравме два натпревари кои ги добивме убедливо во своја корист. На истиов терен во есенскиот дел славевме високо со резултат 4:0, додека на теренот во Чаир подобри исто така беа црвено-црните, тогаш победивме со резултат 0:3. Вардар е прв на табелата со 47 бодови, пред екипата на Шкендија која има 42 бодови, додека Шкупи е на шесттото место со 28 освоени бодови. До крајот на сезоната остануваат уште шест кола за одигрување. Вардар треба да одигра дома со екипата на Шкупи ( меч кој го споменавме), потоа дома ги пречекуваме и екипите на Форца и Милано, додека гостуваме на тимовите на Скопје, Њу Старс и во последното коло на екипата на Шкендија. Екипата од Тетово претстојниов викенд на својот терен е домаќин на тимот на Њу Старс. Мечот со Шкупи е во терминот од 09:00 часот.

Генерацијата “2004“ на Вардар со победа против Шкупи полека ќе може да се промовира во шампион со оваа категорија, со оглед дека има голема бодовна предност пред второпласираниот тим на Милано. Претходните два меча со тимот од Чаир ги добивме во наша корист.Во есенскиот дел на теренот на Академијата славевме победа со резултат 6:2, додека на гостувањето исто така бевме подобри од противникот, на меч со многу голови Вардар триумфираше со резултат 3:4. Натпреварот во сабота започнува од 11:00 часот.