Во категоријата најубава одбрана во СЕХА по гласањето на Фејсбук признанието заврши кај Арпад Штербик, но црвено-црните можат да го имаат и најубавиот гол на завршниот турнир. Играчот кој е номиниран да го добие најубавиот гол на Ф4 во СЕХА е руското крило, Тимур Дибиров. Покрај него номинирани се: Валентино Равниќ (ППД Загреб), Домен Макуц (Целје) и Рајко Продановиќ (Мешков Брест).
Видеото со најубави погодоци може да го најдете во продолжение (тука), на истото може да гласате за нашиот крилен играч.