Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Слаб натпревар на Вардар, реми без голови со Ренова
Слаб натпревар на Вардар, реми без голови со Ренова

Слаб натпревар на Вардар, реми без голови со Ренова

Вардар одигра лош натпревар на домашен терен и ремизираше со Ренова без голови 0:0. Иако Вардар имаше неколку добри прилики да постигне гол, сепак, поради големо компликување на крајот пропаднаа сите шанси. Со овој нерешен резултат, сега Вардар има два бода повеќе на првото место.

Во првиот дел мрежите на Гачевски и Кобетиќ мируваа. Црвено – црните ја имаа иницијативата, створија неколку шанси, но изостана реализација и попрецизни пасови. За одбележување во првиот дел беше најсериозната шанса на Лира, кој биеше од 20-сетина метри во 31.минута а Кобетиќ одбрани и изби во корнер за нашиот тим. Шанси во првиот дел имаа и Мицевски и Најдовски, изгледни, но и двајцата биеа почетнички и пропаднаа и тие обиди. Гостинот пак, во првиот дел ниту еден единствен удар не упати кон голот на Гачевски.

На стартот од вториот дел, во 53. минута Вардар ја имаше најголемата шанса да дојде до водство. Попзлатанов влезе во одлична прилика малку одкосо, биеше, а Кобетиќ одбрани и пропадна оваа убава шанса за погодок. Во продолжението од натпреварот ништо позначајно не се случуваше, па во 71. минута Васоски од игра го извади Тодороски а на негово место влезе Цветаноски. Во 73. минута Брдаровски одлично го проигра Цветаноски, кој биеше аматерски и пропадна и оваа шанса за гол. Чудна одлука на Васоски, во 81. минута го повлече и Брдаровски, а на негово место влезе младиот Талески. Во продолжението од мечот Вардар се обидуваше да дојде до позиција за гол, но многу тешко му одеше. Пред крајот на дуелот Цветаноски имаше уште една добра шанса, но преискомпликува и пропадна и оваа шанса за гол. Со резултат 0:0 заврши дуелот.