Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло за ФК Вардар генер. “2010“ во детската лига
Победничко коло за ФК Вардар генер. “2010“ во детската лига

Победничко коло за ФК Вардар генер. “2010“ во детската лига

Две победи во денешното коло од детската лига за генерацијата на ФК Вардар родени “2010„ година. Двете екипи на Вардар предводени од Стефан Михајлов забележаа победи во дуелите со екипите на Карпошово и Фудбал Кидс и двете од Скопје.

Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Карпошово, која ја совлада убедливо со резултат од 8:2. Уште во првата минута од мечот, црвено-црните ја затресоа противничката мрежа, кога успешно стрелаше Матеј Чедевски за водство на Вардар од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, а него го постигна Стефан Ристиќ кој и на денешниот меч беше голгетерски расположен, со неговиот гол имавме водство од 2:0. Мора да се напомене дека одигравме одличен меч, а тренерот Михајлов им даваше подеднаква шанса за настап на сите играчи. Одлична акција во “режија„ на Марковиќ кој асистира до Чедевски, кој со својот втор гол му донесе водство на Вардар од 3:0. Во следните минути во шанси за нов погодок се најдоа Ристиќ, чиј удар го одбрани голманот на Карпошово, потоа Сивевски кој шутира покрај гол, како и Марковиќ кој ја погоди стативата. Во следниот период, противничката екипа успеа да постигне два гола и да го намали резултатот на 3:2, сепак тоа беше се што успеаа да сторат на овој натпревар. Набргу врати Филип Наумовски кој погоди од голема далечина за предност од 4:2, додека предноста од три гола разлика на полувреме ја врати Стефан Ристиќ кој зголеми на 5:2.

716

Второто полувреме започна со одличен продор на Константин Трајков кој по одличен продор малку недостасуваше да се запише во листата на стрелци. Стефан Ристиќ со хет-трик, го зголеми водството на Вардар од 6:2. До крајот на мечот, мрежата на Карпошово ја затресоа и Далибор Марковиќ за 7:2 и Константин Трајков со гол од корнер, за конечни 8:2 на овој дуел.

До победа стигна и екипата на Вардар (2) во дуелот со Фудбал Кидс, дуел на кој стигнавме до триумф од 6:1. На полувреме имавме водство од 2:0, додека во вториот дел само ја зголемувавме предноста, за на крајот да забележиме висока победа. Давид Лозановски постигна хетр-трик, два гола беа дело на Лука Пацески додека еден зад името на Петар Васоски.