Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Зоран Петковски до две победи во детската лига, успешно коло за ФК Вардар генер. “2009„
Избраниците на Зоран Петковски до две победи во детската лига, успешно коло за ФК Вардар генер. “2009„

Избраниците на Зоран Петковски до две победи во детската лига, успешно коло за ФК Вардар генер. “2009„

Генерацијата на ФК Вардар родени “2009„ година со две победи го завршија денешното коло во детската лига. Избраниците на Зоран Петковски одиграа два одлични натпревари против екипите на Сарај и Фамос, кои ги добија во своја корист.

Вардар (1) за противник го имаше тимот на Сарај кој го совлада убедливо со резултат од 11:0. Марко Петровски беше играчот кој уште во првата минута од мечот успеа да ја затресе мрежата на противникот и да да му донесе водство на Вардар од 1:0. Папаливски беше играчот кој имаше два удари кои завршија над голот на Сарај. Јаков Стојковски беше следниот играч кој успеа да ја погоди противничката мрежа и да го зголеми резултатот на 2:0. Се закани и противникот, но одбрани нашиот голман, Марко Баснарков. Марко Петровски беше расположен за погодоци, па со неговиот втор гол, Вардар успеа да има предност и од 3:0. Не застанавме тука, напротив продолживме константно да го напаѓаме противничкиот гол, а тоа ни донесе уште два голови во првото полувреме. Јаков Стојковски беше играчот кој ги постигна двата гола, со кои зголемивме на 5:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Вардарци имаа најголем дел од играта и во второто полувреме, кога постигнаа уште нови шест голови. Сепак овој дел од мечот започна со одбрана на нашиот голман, Баснарков кој успеа да спречи удар од белата точка. Затоа Павел Котески-Митроски успеа да погоди од истото место и да го зголеми резултатот на 6:0. Во листата на стрелци се запиша Дарин Михајловски, кој се најде на вистинското место, откако прво биеше Петровски, голманот одбрани, но на одбиената топка стигна Михајловски кој погоди за 7:0. Марко Петровски со својот хет-трик на овој дуел му донесе високо водство на својот тим од 8:0. До крајот на натпреварот постигнавме уште три голови. Васко Папаливски погоди од белата точка, за зголемување на 9:0, по него погоди и Марко Петровски за 10:0, додека конечните 11:0 на овој дуел ги постави стоперот Вито Павлов.

 До победа стигна и екипата на Вардар (2) која ја совлада екипата на Фамос, со конечен резултат од 6:2. Првиот удар кон еден од головите го имаше Фамос, но одбрани Матео Најдовски. Вардар е тимот кој успева прв да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, со голот на Максим Павловски од пенал. Екипата на Фамос успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Павловски беше наш најактивен играч, шутираше но ударот заврши покрај голот. Сепак истиов играч со својот втор гол денес и тоа повторно од пенал успева да му донесе водство на Вардар од 2:1. Одлична акција на Вардар, во која како асистент беше Наќевски, а реализатор Сулејман Качман, кој погоди за 3:1. Со овој резултат се замина на полувреме.

Игравме добро и во второто полувреме и на крајот заслужено стигнавме до победата. Во листата на стрелци успеа да се запише и Давид Колевски, кој постигна два последователни голови и зголеми на 5:1. До крајот на мечот по уште еден гол на двете страни.Најпрво Фамос намали на 5:2, додека Вардар преку Максим Павловски ги постави конечните 6:2 на овој меч.