Кадетите на ракометниот клуб Вардар се несреќно поразени на гостувањето кај екипата на Радовиш, на натпревар од младинската лига. Со звукот на сирената, домашниот тим постигна гол и успеа да излезе како победник во дуелот со црвено-црните.
Во текот на првото полувреме видовме тврда и борбена игра на двете страни, се играше гол за гол и ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол, се до моментот кога при нерешени 6:6, вардарци успеаа со серија од 0:3 да поведат со највисоки три гола разлика (6:9). Последниот гол во првото полувреме го постигна домашниот тим, за да намали на 7:9, резултатот кој беше актуелен на полувреме.
На стартот на второто полувреме, Вардар ја врати позитивата од три гола разлика (7:10), но екипата на Радовиш постигна три последователни голови и го израмни резултатот на 10:10. До крајот на натпреварот се играше гол за гол, се до истекот на последните секунди беше неизвесен победникот на овој натпревар од младинската лига. Беше нерешено 18:18, кога екипата на Радовиш постигна гол речиси со звукот на сирената и успеа да ги освои бодовите од овој интересен натпревар.
Вардар: Стојкоски, Мишевски, Чакалиќ 4, Павловски 3, Трајановски 2, Атанасовски 2, Ангеловски, Петков, Грујовски 2, Трајчевски, Савревски 3, Пешевски, Димчевски 2, Мирчевски 1, Трифуновски, Пешевски.