Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > “Слатка одмазда“ за Шкупи, од младинците на Фк Вардар

“Слатка одмазда“ за Шкупи, од младинците на Фк Вардар

Младинците на Фк Вардар со предност од 1:2 ќе го дочекаат реванш натпреварот, во рамките на 1/4 од купот на Македонија, против екипата на Шкупи. Овој дуел се одигра во Сингелиќ, на теренот каде игра третолигашот Фортуна. Црвено-црните не подлегнаа на притисокот од противничката публика, па во реваншот на свој терен ќе започнат со одлична предност. Виктор Димков и Кристијан Апостоловски беа момците кои погодија за нашите младинци.

На овој начин младинците на Вардар “делумно“ се одмаздија за елиминацијата од минатата сезона, кога во 1/2 на националниот куп, Шкупи не совлада и со вкупни 3:2 се пласираше во финалето. На тој дуел во Чаир се случуваа непријатни сцени, отккако по завршување на дуелот беа нападнати играчите на Вардар. Немаше многу фубалска убавина на овој дуел, се играше борбено од двете страни но некако резервирано тргнаа двете екипи чувајќи го својот гол. Црвено-црните беа максимално подготвени, беа свесни што ги очекува на овој натпревар. На голема радост на Вардар, први поведовме со евро-голот на Виктор Димков кој погоди за 0:1. Вакви погодоци ретко се гледаат во младинските лиги, голгетерот на црвено-црните погоди од слободен удар од повеќе од 35 метри. Така на полувреме заминавме со минимално водство од 0:1.

Во второто полувреме, противникот од Чаир се отвори и тргна кон израмнување на резултатот. Во таквите намери успеаа, следеше нивен погодок за нерешени 1:1. Овој гол на противникот ја запали публиката во населбата Сингелиќ, кои веруваа дека ова може да биде целосен пресврт. Кога сите мислеа дека без победник ќе заврши првиот меч од купот помеѓу овие две екипи, Кристијан Апостоловски, ги олади домашните навивачи за целосен молк на стадионот. На истекот на 90 минута, Апостоловски донесува предност од 1:2, немаше многу време за Шкупи да се врати во игра. Судијата после неколку минути отсвири крај, на теренот се радуваа нашите надежи. Шкупи втор пат оваа сезона со наведнати глави заминува после меч со Вардар, во првенството веќе одигравме натпревар и заврши со убедлив триумф од 3:0 за нашиот состав. Реванш дуелот е закажан за една недела, кога Вардарци треба само да го потврдат пласманот во четирите најдобри во ова натпреварување.

Фк Вардар: Трајчевски, Ричков, Личина, Исмаил, Јошевски, Николовски, Димитровски, Апостоловски, Димков, Беќири, Даци