Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во сабота дружење со ракометарките на Вардар, во Сити Мол
Во сабота дружење со ракометарките на Вардар, во Сити Мол

Во сабота дружење со ракометарките на Вардар, во Сити Мол

По истиот ”рецепт” на ракометарите, овој викенд и девојките на ЖРК Вардар ќе се дружат со своите фанови во Сити Мол. Симпатизерите на вардарки ќе имаат можност да се дружат, фотографираат, и да бидат на само неколку сантиметри од своите омилени ракометарки, па и да си добијат некој билет за дуелот против Митјиланд. Од клубот ни го најавија следново:

Во сабота (31.10.2015) од 12:30, во Скопје Сити Мол, ве повикуваме на заедничко дружење со ракометарките на Вардар. Да им ја дадеме поддршката на нашите ракометарки пред најважниот натпревар од групната фаза во ЛШ, против Данскиот шампион Митјиланд.

Фото: zrkvardar.mk