Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски за Вардар фанс: Среќен сум поради победата!
Брдаровски за Вардар фанс: Среќен сум поради победата!

Брдаровски за Вардар фанс: Среќен сум поради победата!

Нашиот член Владица Брдаровски по натпреварот со Младост ЦД одигран во Охрид вчера, ги истакна своите импресии за нашиот сајт. Брдаровски одигра повеќе од 15-сетина минути на оваа средба.

   Вардар фанс: Како помина натпреварот, импресии од истиот?
-  Среќен сум поради победата, можеше да биде и многу поубедлива, но не ги искористивме шансите, како и да е трите бода останаа кај нас. Задоволен сум од моите игри и за брзо време се надевам дека ќе бидам стандарден во составот. Исцрпувачко е ова темпо на играње мечеви недела-среда, но имаме голем ростер на играчи, така да немаме проблем во овој поглед. Одиме на победа на секој меч. Не ја потценуваме екипата на Металург, иако е последна на табелата. Имаме свои планови и одиме на три бода и задржување на првата позиција на табелата. Нашата цел е освојување на двојната круна, нормално е дека очекувам до крај да ги постигнеме нашите зацртани цели за оваа сезона – Истакна Брдаровски