Пионерите со значајна предност ќе патуваат на реванш натпреварот од 1/4 на националниот куп. Денес на теренот на локомотива, црвено-црните триумфираа против Прилепска Победа во првиот меч од купот. Конечниот резултат гласеше 3:0. Стрелци на головите беа Кренарт Дардлиша (2) и Јакуп Бериша. Оваа генерација веќе со една “нога“ се наоѓа во 1/2 на купот. Реваншот треба да биде само формалност и потврдување на пласманот во најдобрите четири екипи, во ова натпреварување.
Задоволен сум од прикажаната игра и резултатот на мојата екипа, а секако и од самиот себе. Ние ја имавме целосната контрола во текот на натпреварот, иако теренот не го дозволуваше тоа. Секако честитки и до играчите на Победа , за фер и коректната игра. Нема многу време за одмор, сега се насочуваме на следниот првенствен дуел кој ќе се игра викендов, изјави Виктор Пешевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски