Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Заморот“ си го направи своеото, Вардар поразен од Мешков во сеха-лигата
“Заморот“ си го направи своеото, Вардар поразен од Мешков во сеха-лигата

“Заморот“ си го направи своеото, Вардар поразен од Мешков во сеха-лигата

Заморот и отсуството на неколку повредени играчи во нашиот сосатв си го направи своето. Вардарци вечерва го доживеаа вториот пораз во сеха-лигата. Подобар беше тимот на Брест Мешков, со резултат 27:28.

Натпреварот започна лошо за нашиот шампион, кој имаше негатива од 0:5, а првиот погодок го постигнавме дури во 8 минута, преку Матјаж Брумен. Се до 16 минута, Белорускиот претставник ја одржуваше оваа позитива од пет голови. Во следните пет минути, со голот на Циндриќ успеваме да намалиме на достижни два гола негатива 7:9. Како одминуваше дуелот ја подобрувавме играта, но сепак Брест Мешков на полувреме заминува со водство од 11:15. Во првиот дел на голот беше Петар Ангелов , кој имаше само 3 одбрани.

Во второто полувреме, на голот застана Арпад Штербик и веднаш работите започнаа да се менуваат во позитивна насока за Вардар. Со голот на Лацковиќ повторно ги враќаме оние два гола негатива 13:15. Штербик за само 12 минути нанижа пет одбрани, во нападот играме многу подобро. Марсениќ го донесува првото израмнување на овој дуел 19:19 во 41 минута. Белорускиот репрезентативец Бабичев постигнува гол, за нова предност на својот тим од 21:23. На теренот гледаме добра игра од двете страни, црвено-црните го засилуваат темпото, за ново израмнување од 24:24 со голот на Манасков. Пропуштивме две големи шанси да ја превземеме предноста, откако најпрво Манасков промаши пенал, а во следниот напад и Карачиќ од зицер позиција.  Тоа го искористува Кристопанс, кој со неговиот четврти погодок носи предност од 25:27. Нивниот голман продолжува со одлични одбрани, вкупно 12 до тие моменти и е најзаслужен за позитивата на Мешков. Штербик скинува седмерец, што му овозможува на Македа да намали на 26:27. Сепак црвено-црните не успеаа да извлечат ниту нерешен резултат, конечниот гласеше 27:28 во корист на противникот.

Најефикасни во нашиот состав беа Душебаев со 6 голови, Брумен и Циндриќ постигнаа по 4.