Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери загубија, пионерите сигурни во националниот куп
Помладите пионери загубија, пионерите сигурни во националниот куп

Помладите пионери загубија, пионерите сигурни во националниот куп

Денес се одиграа првите натпревари во рамките на 1/4 куп во фудбалските младински категории. Свои настапи имаа двете најмлади Вардарови генерации кои се натпреваруваат во лигата и купот.

Помладите пионери сосема неочекувано загубија на домашен терен, од своите врсници од Шкендија. Иако важевме за фаворити на овој дуел, сепак на крајот тимот од Тетово се радуваше на победата. По првото полувреме резултатот беше 0:0 Во вториот дел после неколкуте неискористени шанси кај Вардар, стигна казната на спротивната страна. Шкендија најпрво поведе со 0:1, а при крајот на мечот зголеми за конечни 0:2. За црвено-црните останува само да се анализира овој дуел и да се увидат направени грешки. Ова воедно е прв неуспех во новата сезона за помладите пионери, кои имаа седум победи во лигата, еден нерешен резултат и еден триумф во 1/8 на купот.

Пионерите на Фк Вардар пак немаа поголеми проблеми во првиот дуел од 1/4 на националниот куп. На теренот на Локомотива, беа подобри од екипата на Победа, со резултат 3:0. Така со сигурно водство ќе отпатуваат на реванш мечот за една седмица во Прилеп. Целсона доминација на црвено-црните кои имаа поголем посед на топка и повеќе шанси за погодок. Уште по првото полувреме го најавивме триумфот, кога на одмор заминавме со предност од 2:0. Кренарт Дардлиша постигна два гола, еднаш во листата на стрелце се запиша и Јакуп Бериша.

Фк Вардар (пионери) : Тимевски, Спасиќ, Петковски, Рамиќ, Трајковски, Пешевски, Георгиевски, Ристовски, Бериша, Ѓоргиевски и Дардлиша