Вардар денес повторно однесе победа во домашната лига, на гостувањето во Охрид кај екипата на Младост Царев двор победи со минимални 0-1.
Гоце Седлоски се одлучи за следните 11-сетмина да го почнат мечот во Охрид: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 19. Хамбарџумјан, 22. Ивановски, 70. Фелипе. Вардар од почетокот резервирано тргна кон голот на домаќините, со обиди од прекин да го отвори резулатот. Филипе во 12 минута се обиде со удар од далечина но не успеаа да ја погоди рамката на домашниот гол. Во првиот дел во продолжението не искористува шанса Ацо Стојков, а подоцна и Филип Ивановски во 29 минута кога неговиот удар го брани домашниот голман Петковски. Отпорот на домаќините е скршен со удар од 11 метри Филепе во 36 минута одлично го изведува пеналот ниско по земја и успева да го отвори резулатот. Со овој резултат 0-1 се отиде на полувреме, што подоцна се покажа дека е и краен исход од дуелот.
Во вториот дел Вардар внимателен во одбраната обидиувајќи се со повремени префрлуања пред домашниот гол да го зголеми и осигура водството. Младост се обидува преку Калановски во 51 минута да изедначи, но Пачовски е на висината на задачата. Вардар е обидува да поведе се редат шанси пред голот на домашниот голман Петковски , но во своите обиди за погодок не успеваат Попов, П.Петковски и Љамчевски. Вардар во последните 10 минути се обидуваше да ја умртви играа се со цел да го потроши времето и да однесе 3 бода од овој првенствен дуел. Сепак резултатот остана непроменет и заврши мечот со конечни 0:1. Во вториот дел во играа уште и Петковски од 57минута на местото на Асани, Љамчевски го замени Стојков во 71минута, а Хамбарџумјан му го остапи местото на Брдаровски во 77 минута од дуелот.
Со овој триумф остануваме на лидерското место, со бод предност пред најголемиот конкурент , екипата на Шкендија која денес го победи Металург.