Нема многу одмор за избраниците на Гонзалес, кои веќе денес играат натпревар од сеха-лигата, против екипата на Брест Мешков. Мечот ќе започне во 17:45 часот во С.Ц. Јане Сандански. Противник е силниот Белоруски шампион, тимот на Брест Мешков кој исто така се натпреварува во лигата на шампионите.
Речиси истиот состав од минатата сезона, но екстра засилени со Павел Атман и “џинот“ Кристопанс кој дојде од екипата на Татран Прешов. Во ЛШ се натпреварува во послабата група “Ц“ , каде до сега имаат остварено четири победи и два порази. Претежно играат играчи од својата земја, засилени со неколку странски интернационалци. Тука се српските репрезентативци Манајловиќ и Стојковиќ, Хрватите Пешиќ и Вукиќ, како и словенецот Симон Разгор. Идентична е ситуацијата и во сеха-лигата, од шест одиграни мечеви имаат исто така четири победи и два неуспеха и се наоѓаат на третото место на табелата.
Традицијата е на страната на Вардар кој секогаш игра добро на домашен терен. Сепак на овој меч можеме да бидеме ослабени за неиграњето на Тоскиќ, под знак прашалник се и настапите на руските крила, Дибиров и Шишкарев. Знаеме дека од поодамна ги нема Деревен и Стоилов. Тежок и исцрпувачки ритам за нашиот шампион, кој игра паралелно силни мечеви во двете натпреварувања. Црвено-црните се фаворит на овој дуел, квалитетот е на наша страна и во очекување сме да се вратиме на победите во сеха лигата. Билетите се продаваат по цена од 50 денари. Бидете во С.Ц. Јане Сандански за поддршка на нашите момци.