Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трета првенствена победа за младинките на Жрк Вардар
Трета првенствена победа за младинките на Жрк Вардар

Трета првенствена победа за младинките на Жрк Вардар

Младинките на Жрк Вардар ја забележаа третата победа во првенството, откако на гостински терен беа подобри од екипата на Рк Бисинов Вардар. Натпреварот се одигра во спортската сала “Блаже Конески“ во Велес и заврши со убедлив триумф на црвено-црните

Избраничките на Билјана Пецевска немаа поголеми проблеми во овој меч и како на полесен тренинг го победија противникот. Добрата одбрана која ја одиграа нашите младинки, беше пресудна за конечниот победник. Домаќинот успеаа да постигне само 11 голови, наспроти 39 на Вардарки. Освен почетното водство за Бисинов и единственото израмнување од 2:2 во 4 минута, во продолжение мечот помина во доминација на нашиот состав. Црвено-црните прават серија од 0:5 за прво поосетно водство од 2:7 во 11 минута. Во следните минути, противникот само успева да намали на 6:9. Од тие моменти Вардарки прават неверојатна серија од 0:10, по што на полувреме се заминува со резултат 6:19.

Серијата на погодоци продолжува и во вториот дел, кога ние успеваме да постигне пет голови за веќе голема предност од 6:24. Конечно во 36 минута, домаќинот ја прекинува таа серија на црвено-црните и постигнува гол. Ништо позначајно не се случи ни до крајот на мечот, ние испуштивме можност да го завршиме дуелот со 40 постигнати голови. Конечниот резултат гласеше 11:39. Ана Станикевска беше најефикасна со 6 и Моника Георгиевска со 5 постигнати голови.

Жрк Вардар: Мицевска, Костовска, Иванова 2, Карчева 4, Китановска 2, Белимова 1, Георгиевска 5, А. Тодоровска 3, Вењановска 3, Филипоска 2, Т. Тодоровска 3, Костадиновска 3, Станикевска 6, Колевска 1, Николовска 2, Божиноска 2,