Во 13-30 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра дуелот од 12 коло во првата македонска лига помеѓу домаќинот ФК Младост од Царев Двор и нашиот ФК Вардар.
Од овој меч ќе може да следите директен пренос преку видео стрим. Вардар како лидер влегува во ова соочување со желба да ја продолжи победничката серија на гостински терен. На овој дуел струмичанецот Сејменов ќе биде главен судија. Дирекниот пренос ќе може да го следите на следниов линк.