Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Историја > Приказна за првиот црвено-црн трофеј во историја! Вардар во 1949 год. стана младински шампион на Југославија
Приказна за првиот црвено-црн трофеј во историја! Вардар во 1949 год. стана младински шампион на Југославија

Приказна за првиот црвено-црн трофеј во историја! Вардар во 1949 год. стана младински шампион на Југославија

Вардар е нашиот најтрофеен фудбалски колектив, тој е формиран далечната 1947 година, а својот прв трофеј во својата историја го освојува две години подоцна во 1949 година. Вардар таа година во која денешните конкуренти од првата фудбалска лига воопшто не постоеле или играле во многу ниски лига се круниса за младински шампион на тогашната Ф.Н.Р. Југославија.

 Во  воведните две години  од постоењето на тогашната лига  сојузните натпревари во младинската лига се играа во Сараево и Љубљана. Во 1949 година во главниот град на тогашната социјалистичка република Македонија, Скопје црвено-црните  користејќи го својот домашен терен се крунисаа за апсолутни шампиони предводени од тогаш актуелниот фудбалер Јане Јаневски. Вардаровите младинци стигнаа до пехарот пред преполниот Градски стадион и со поддршка според хроничарите од над десетина илјади навивачи. Тие ги победија : сплитски Хајдук со 2-1, Раднички Белград со 1-0 и Рудар Трбовле со резултат 2-1. Според запишаните впечатоци од овој настан гледачите биле импресионирани од легендарниот Тоде Георгиевски кој воодушевувал на голот, од креативноста на капитенот Миле Миланов, брзината и снаодливоста на Хари Миновски. Првата црвено-црна титула која беше младинска, но екстра значајна за потврдата на квалитетот на македонскиот фудбал во штотуку формиратата фудбалска лига во екс Југославија дојде в таа 1949 година.

Вардар стигнал до младинската титула во следниве играчи кои со златни букви ги впишаа своите имиња во црвено-црната историја: Георгиевски, Арсовски, Димовски, Дацевски, Христовски, Давидовски, Атанасовски, Стевчевски, Ивановски, Миланов и Миновски. Неодминлово мора  да се напомене е дека голем дел од нив беа и дел од генерацијата која го освои првиот сениорски трофеј подоцна во Купот на Југославија во 1961 година во финалето кое се играло во Белград. Со освојување на Купот на Маршалот вардарци влегоа направија два чекори, нови во историјата. Првиот успеаа да имат Куп трофеј и да ги израдуваат скопјани пред еден тим од т.н големата југословенска четворка, екипата на Хајдук Сплит. Далматинците сонуваа за куп трофеј уште речиси пола деценија откако тој продефилира низ Скопје. Втор чекор, со таа титула првпат Вардар играше во фудбалска Европа таа далечна 1961 година.