Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Позната саатницата за утрешното братско финале Влаќевски-Димитровски, локацијата сменета, “Мусандра“ e дом на финалето
КУГЛАЊЕ! Позната саатницата за утрешното братско финале Влаќевски-Димитровски, локацијата сменета, “Мусандра“ e дом на финалето

КУГЛАЊЕ! Позната саатницата за утрешното братско финале Влаќевски-Димитровски, локацијата сменета, “Мусандра“ e дом на финалето

Како што веќе неколку пати ве известивме финале со црвено-црн шмек во Државното поединечно првенство во куглање  на програмата е утре,   четврток на 29-ти декември. За истото позната е и саатницата на одржување, тоа ќе започне во 18-00 часот. Претходно планот беше да се игра во кугларницата при СЦБТ, сепак одлучено е истото да има друга локација. Кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје која оваа сезона е наш домашен терен и во која се играше полуфиналето ќе биде дом на големото финале во ова кугларско натпреварување во кое ќе се круниса шампионот за оваа година.

10

Најубава вест за нас љубителите на светите црвено-црни бои е дека  финалето ќе се сретне ударното дуо на вардаровиот кугларски колектив Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски. Нашите момци во квалификациите беа доминантни, исто така и во четвртфиналето. Во полуфиналето кое исто така се играше во кугларницата  Мусандра нашите маестрални куглари  се сретнаа со најдобрите двајца куглари на нашиот ривал КК Макпетрол. Вардарци во ова соочување им нанесоа порази на  “пумпашите“ и закажаа меѓусебно финале. Во финалето победник е Вардар, а останува само Димитар и Бојан да си ги го поделат “златото и среброто“ помеѓусебе,  влезот на овој кугларски спектакал е слободен. Не очекува интересен дуел од една страна искуството и константноста на Димитровски, од друга страна младоста и “филигранството“ на Влаќевски.