Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија го победи Египет, настап забележаа Деревен и Дибиров
Русија го победи Египет, настап забележаа Деревен и Дибиров

Русија го победи Египет, настап забележаа Деревен и Дибиров

Руската ракометна репрезентација со победа го стартуваше учеството на турнирот “Советот на град Рига“ . Избраниците на Дмитриј Торгованов славеа во воведниот натпревар против селекцијата на Египет.

Иако во најголем дел од натпреварот, Египет имаше водство, во последните пет минути Русија го сврти резултатот и забележа минимална победа. Првите десет минути поминаа во игра гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 5:5. Од тој момент Египет започна да се одлепува резултатски. Имаше постојано предност од два гола разлика, која во последните три минути од првиот дел достигна и највисоки четири голови предност 12:16.

Во второто полувреме, Египет одржуваше постојана предност која се движеше од 2-3 голови предност. Сепак како се ближеше крајот на натпреаврот, Русите полека но сигурно ја топеа негативата. Во последните пет минути влеговме со нерешен резултат 22:22. Сепак финишот им припадна на Русија, кои славеа минимално со резултат 24:23.

На овој меч настапија Деревен кој постигна 2 гола, додека 1 беше дело на Дибиров, додека Шишкарев не беше во составот за овој натпревар. Денес е второто коло, а селекцијата на Русија ќе се сретне со домашната репрезентација  на Летонија.