Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ангела Коцевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, животот ми е исполнет со ракомет кој го сакам и давам се од себе еден ден да станам играч на Вардар
Ангела Коцевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, животот ми е исполнет со ракомет кој го сакам и давам се од себе еден ден да станам играч на Вардар

Ангела Коцевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, животот ми е исполнет со ракомет кој го сакам и давам се од себе еден ден да станам играч на Вардар

Ракометната школа Кисела Вода-Вардар втора сезона се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Нејзин член е Ангела Коцевска, која има можност да биде дел од натпреварите и возбудувањата во оваа лига. Овој проект на РК Вардар е новитет не само во Македонија, туку и пошироко, лига која има за цел да ги обедини сите ракомешни школи од земјава. Најдобрите на крајот од сезоната се селектираат од страна на стручните лица и добиваат можност да ги покажат своите квалитети, а со тоа и да добијат шанса да го облечат црвено-црниот дрес и да бидат дел од младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Ангела ќе ни открие како започна да тренира ракомет, нејзиното мислење за “Јуниор“ лигата, што е она највпечатливо во оваа лига, како и за настапите на нејзината школа РК Кисела Вода-Вардар.

vardarfans-kisela-voda-vardar

-После 3 годишно тренирање пливање решив да променам и се запишав на ракомет. Почнав во клубот Велкова 5 како голман, таму бев 3 години, а во академијата Општина Кисела Вода по одлука на тренерот Влатко Котески сум на позиција лев и десен бек. Ракометната школа Кисела Вода е една од поубавите работи што ни се случиле во нашата општина. Функционира прекрасно имаме три пати неделно тренинзи. Тренинзите ги водат тренерите Влатко и Симон.

Коцевска има пофални зборови за Јуниор лигата, потенцирајќи дека овој проект треба да има поддршка и од ракометната федерација на Македонија.

vardarfans-kocevska

-Ова е многу добар проект на РК Вардар. Има големо значење за нас младите, но сепак мислам дека тука треба малку повеќе да се вклучи и РФМ. За да имаме повеќе натпревари да би стекнале поголемо искуство. Во “Јуниор“ лигата не може да кажам дека сме постигнале нешто големо. Ќе бидам самокритична, некако немаме изиграно добар натпревар, мислам дека можеме многу повеќе.

Покрј желбата за докажување и победа, владее другарството како и запознавањето на нови пријатели. Еден ден Ангела има желба да стане дел од семејството на Вардар.

-“Јуниор“ лигата е натпреварување, каде со секој одигран натпревар добиваме знаење за противничкиот тим, кое би можеле на повторната средба да го искористиме во наша полза. Натпреварувањата заедно одат и со другарувањата. Во здраво тело, здрав дух и запознавања, дружења, пријателства. Секој тренинг со нетрпение го очекувам, а натпреварите во мене будат немир. Животот ми е исполнет со ракометот, го сакам, и давам се од себе. Еден ден се гледам како идна ракометарка на Вардар, зошто да не.

Звонко Ивановски